Американските служби разбија голема шема со склопување лажни бракови. Во акцијата биле уаспени повеќе од 90 лица кои биле осомничени дека склопиле бракови, заобиколувајќи ги имиграциските закони.
Измамите биле направени ширум Тексас. Во обвинението е наведено дека биле вклучени голем број државјани од Виетнам, кои сакале да обезбедат траен престој во САД пренесува „Глас на Америка“.
Како што е наведено во обвинението, Виетнамците плаќале помеѓу 50.000 долари и 70.000 долари на организации што ги водела лицето Ешли Јен Нијен. По уплатата, Ешли ги поврзувала жителите на Виетнам со државјани од САД.
Откако ќе легнеле уплатените средства, организацијата ги поврзувала двојките обезбедувајќи им ги потребните документи. Обвинувањата биле подигнати минатата недела, а опфаќала 96 лица осомничени за имама на склопување лажни бракови, лажење под заклетва и влијание на сведоци.
Американските власти наведуваат дека Виетнамците имале за цел да обезбедат поголем легимитет за престој во САД. Во таквата процедура тие обезбедувале фотографски албуми, лажни слики од венчавките, лажни даночни документи, лажни документи за животни трошоци или податоци за вработување.
Обвинителите сметаат дека станува збор за сопружници кои никогаш не живееле заедно, ниту имале намера да живеат. Исто така биле вклучени и лица кои се запознале непосредно пред да поднесат молба за стапување во брак.
Текстот Виетнамци плаќале по 70.000 долари за лажни бракови во САД е превземен од Reporter.mk.