Викенд хороскоп за 13 и 14 октомври

Овен  

Сѐ се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу овни кои седат на два стола ќе ги сносат последиците од непримерното однесување.

Бик

Со помош на шармот и сопствената сила, викендов ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.

Близнаци

Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.

Рак

Ќе дојдат до израз вашите дипломатски способности и ќе преговарате како вистински експерт, па очекувајте позитивни случувања на професионален план. Одлично ќе се разбирате со вашиот партнер, па без да се трудите ќе привлекувате обожаватели. Ако сте во врска поразговарајте со саканиот за вашата иднина, тоа ќе ви ја разгорува страста.

Лав

Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор. Но не заборавајте дека комуникацијата не се состои само од зборување, туку и од внимателно слушање.

Девица

Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, искористете ги шансите. Вашата планета на пријателство и љубов од викендов се наоѓа во исклучително поволна позиција. Можни се револуционерни промени кои ќе бидат позитивни.

Вага

Вежбањето и релаксацијата ќе направат чуда за вашето расположение. Ќе имате позитивна енергија и неверојатен сјај со којшто ќе привлекувате. Премногу се разликувате од околината за да ги прифатите сугестиите. Обидете се да им пристапите на проблемите и да најдете соодветно решение за нив.

Скорпија

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците.

Стрелец

Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале.

Јарец

Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира, па се повлекувате во свој свет во кој ги правите работите што ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство. За што и да се работи, излезот ќе биде брз.

Водолија

Функционирате на повеќе страни. Мора она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организаторски способности кои денес ви одат во прилог. Со стрелците можете да остварите идеална комуникација.

Риби

Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се уште не е доцна да се вразумите, свртете се кон работата.

Текстот Викенд хороскоп за 13 и 14 октомври е превземен од Reporter.mk.