Викенд хороскоп за 14 и 15 септември

Овен

Проблеми во приватниот живот кои доста негативно ќе влијаат и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар период за да почнете поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш не може да биде сè во најдобар ред.

Бик

Нема да имате преголема волја за работа, па затоа обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Во текот на целиот викенд енергијата ќе ви опаѓа, а настаните ќе бидат променливи, па може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следува период на стабилизација.

Близнаци

Потребно е да поразговарате со Рак, Овен или Скорпија и тоа треба да го направите што побргу ако сакате да почнете со новата работа во која мислите дека одлично ќе се снајдете. Викендот е добар за секој облик на друштвен живот. Можно е да ве посети некој од странство.

Рак

Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите за тоа. Овој викенд можете да остварите некои многу важни контакти, па задржете ги отворени сите начини на комуникација. Некој може да ви приреди изненадување, тоа максимално ќе ве задоволи.

Лав

Овој викенд, најверојатно, ќе се случат некои непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Постои можност да претворите еден ваш сон во реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, 0вклучете го во поголема мера во вашиот живот.

Девица

Ќе почувствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја цел. Многу е важно да креирате нова работна ситуација, која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи голема материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

Вага

Месечината во текот на викендот влегува во знакот на Јарец, а вие добивате идеја како да се снајдете во новата работа за која ви е потребно големо искуство. Ќе добиете поволни вести во врска со нешто што ви е многу важно. Можно е да станува збор за работа со лица на висока позиција. Не откажувајте се од вашите планови.

Скорпија

Влегувате во нова фаза во работењето со лицата на некоја висока позиција. Верувате дека можете да убедите некој што ви е многу важен дека треба да ве послуша за некое важно прашање, а се однесува на новите проекти што допрва ќе дојдат. Не нервирајте се ако некој Лав ве нервира со своите коментари.

Стрелец

Напнатите односи во домот или приватната фирма се резултат на вашата неорганизираност. Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор, па затоа правите погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните, но и со колегите, особено ако носите голема одговорност.

Јарец

Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот живот. Венера во астролошката куќа на големите пари носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние што веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.

Водолија

Родените на почетокот на знакот имат сјајна перспектива во работата со странци. Оние што се родени во средната декада на знакот ќе добијат поддршка од некое лице што е на висока позиција. Не сте подготвени да ризикувате во поглед на финансиите, но сепак прифатете некои сугестии од блиските лица.

Риби

Подготвени сте да ги прифатите сугестиите од другите лица што во работата се поискусни од вас и за кои мислите дека се добронамерни. Можно е да станува збор за Водолија, која често престојува во странство, или за лице што се занимава со спорт. Морате да му се јавите на блискиот роднина, кој со денови го очекува вашиот повик.

Текстот Викенд хороскоп за 14 и 15 септември е превземен од Reporter.mk.