Овен
Можно е да размислувате за нова позајмица или кредит што всушност и не е најдоброто решение за вашиот проблем. Саканото лице од вас очекува малку повеќе да ги покажувате своите емоции.
Бик
Можно е да делувате многу конфузно во комуникацијата во деловното опкружување, па затоа овој викенд наместо со работа, занимавајте се со семејството. Во љубовта не барајте ситници за кавга, опуштете се и надминете ги непотребните конфликти.
Близнаци
Викендов ќе го поминете работно бидејќи цела работна недела ги запоставувате обврските. Ќе имате ненајавени гости кои ќе ви донесат нервоза, но бидете љубезни кон нив, тие не се виновни за вашата неорганизараност. Партнерот ќе сака да ви помогне но нема да му дозволите.
Рак
Во деловното опкружување се можни мали конфликти бидејќи немате добра комуникација со своите соработници. Во љубовта можно е да не постојат сосема исти емоции и желби од вашата и од страната на партнерот. Не очекувајте премногу.
Лав
Потребно е во комуникацијата со соработниците да се покажете како коректна личност која секогаш е подготвена на компромис. Во љубовта доколку се појават расправии, подобро премолчете.
Девица
Решивте да се обидете со нешто сосема поинакво и да најдете работно место кое навистина ќе буди интерес во вас. Овој викенд убаво размислете за можните опции. Во љубовта потребно е малку побрзо да одговарате на емотивните потреби на партнерот.
Вага
Многу нешта нема да се одвиваат онака како што очекувате и доаѓа време да ја промените својата деловна политика. Во љубота помеѓу вас и партнерот ќе се појават одредени несогласувања. Имајте позитивен став и се ќе се реши.
Скорпија
Доаѓа време да го промените своето работно место, размислете за таа опција овој викенд. Во љубовта позитивно се поставувате во комуникацијата со саканото лице што доведува до подобрување на односите.
Стрелец
Можете да очекувате помал успех на деловен план. Ќе најдете решение за проблемот со кој долго сте се бореле. Во љубовта сета ваша поддршка ќе му ја дадете на партнерот кој навистина има потреба од тоа.
Јарец
Потребно е многу повеќе да се ангажирате доколку сакате да остварите напредок на работа. Во љубовта ќе изнаоѓате разни начини за кавги и нервоза. Обидете се малку да ја смирите ситуацијата.
Водолија
Можно е да го завртувате вниманието на себе на сосема погрешен начин. Време е да се преиспитате. Во љубовта имате добри намери, но саканото лице може погрешно да ги разбере.
Риби
Потребна ви е подобра организација. Имате премногу работа и сте под голем притисок со цел се да обавите на време. Со саканото лице ќе имате важен разговор кој ќе реши неколку недоразбирања.
Текстот Викенд хороскоп за 23 и 24 февруари е превземен од Reporter.mk.