Викенд хороскоп за 23 и 24 мај

Овен

Генерално сте задоволни со деловната ситуација, денешниот ден ви е многу поволен. Ве очекува исклучително интересно познанство. Ќе се воодушевите од некоја нова личност. Немате проблеми со здравјето.

Бик

Овој викенд ви успева да ги остварите своите деловни цели. Може да очекувате причина за славење. Иако мислевте дека саканата личност е искрена кон вас, ќе видите дека постојат некои илузии. Проблеми со стапалата.

Близнаци

Можеби ќе успеете да остварите деловен договор со некој важен клиент. Уживате во слободата и не сте подготвени за почеток на нова врска во наредниот период. Можна е вртоглавица.

Рак

Поволен викенд за решавање на деловни проблеми или било какви судски постапки. Љубомората ви претставува главен проблем во односот со саканата личност. Смирете ги нервите. Склони сте кон воспаленија.

Лав

Пред вас е поволен ден за носење на нови деловни одлуки. Подготвени сте на нови потези, за да дојдете до посакуваниот успех. Можна е средба со личност, која ќе покаже искрени чувства кон вас. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Девица

Ќе решите некој проблем со помош на соработниците. Поволен период за работа. Ќе поминете романтични моменти со личноста која ја сакате. Спремни сте да се посветите на својата врска. Посетете лекар.

Вага

Иако имате голем број обврски овој викенд ќе завршите важни деловни задачи. Наскоро ќе влезете во нова врска. Подготвени сте да му покажете на партнерот дека сакате сериозна врска. Зголемете го внесувањето на витамини и течности.

Скорпија

Викндов нема да бидете толку зафатени. Ве очекува викенд кој ќе биде поволен за одмор. Од партнерот добивате сѐ што ви е потребно. Подготвени сте да уживате во вашата врска која е исполнета со љубов. Имате многу позитивна енергија.

Стрелец

Може да очекувате многу поволен период во кој ќе имате подобрување на финансиите. Ве очекува период во кој ќе посакате заеднички живот. Доаѓа време за важни одлуки и нови чекори. Добро се чувствувате.

Јарец

Дојдовте до презаситување од моменталната работа. Имате впечаток дека ви е потребен одмор. Може да очекувате дека ќе запознаете личност која ќе ви покаже дека во вашиот живот може да промени многу. Синусите ви се осетливи.

Водолија

Задоволни сте од деловната ситуација во наредниот период и не планирате поголеми промени. Не очекувајте промени ниту во односот со саканата личност. Убаво се сложувате кога сте заедно и задоволни сте. Внимавајте на тироидната жлезда.

Риби

Големите очекувања нема сега да ви се исполнат. Време е да се спуштите на земја. Толку сте вљубени што не ги забележувате мааните кај партнерот. Проблеми со мигрена.

 

 

 

 

Текстот Викенд хороскоп за 23 и 24 мај е превземен од Reporter.mk.