Викенд хороскоп за 25 и 26 август

Овен

Во семејната околина во најава се радосни настани. Добрата атмосфера создава идеални моменти за зближување кое во минатиот период ви недостасуваше.Во добра форма сте, а со тоа расте и вашиот оптимизам. Идеално време е да направите мал одмор и вниманието да им го посветите на личностите кои ве сакаат.

Бик

Се однесувате невротично и мислите дека лошите работи само вам ви се случуваат. Грешите. За среќа, ќе успеете на деловен план. Ги влечете сите конци, иако на прв поглед не постои објективно и реално објаснување. Сите работи си доаѓаат на свое место, но за сe е потребно време. Колку сте во состојба да чекате?

Близнаци

Доколку се свртите кон духовната страна на животот, може да очекувате позитивни резултати. Во спротивно, грубото материјално ниво нема да ве задоволи. Поволните околности и понатаму влијаат врз текот на деловните случувања. Само што помисливте да се откажете од нешто, кога се појави личност која ќе ви понуди помош.

Рак

Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.

Лав

Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.

Девица

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.

Вага

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…

Скорпија

Сe се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу Бикови кои седат на два стола ќе ги сносат последиците од непримерното однесување.

Стрелец

Се наоѓате во фаза кога некој постојано ви ги тренира нервите. Се поставува прашањето колку ќе можете да издржите? Ве очекуват нови работи и приходи. Фантастично! Долго време мислевте дека среќата ви го свртела грбот, но најпосле конкретните аргументи го докажуваат сосема спротивното.

Јарец

Моменталните случувања бараат тактичност и дипломатичност. Упорноста и одмереноста се главните атрибути кои ќе ве водат во нареднава недела. Поради импулсивните реакции, лесно може да се најдете во незавидна ситуација. Доколку се контролирате, ќе ги сведете и здравствените проблеми на минимум. Бидете одмерени.

Водолија

Смирени сте. Она што порано ве правеше нервозни, сега станува безначајно. Во хармонија сте со самите себе. Ја држите контролата во свои раце на деловен план и со леснотија ги извршувате задачите. Вложувајќи минимален напор, ќе остварите максимални резултати.

 

Риби

 

Овие два дена дефинитивно ќе ги паметите уште долго време! Ви следат романтични мигови со некоја личност од минатото, за која сѐ уште имате чувства. Работите ќе се одвиваат онака како што вие сакате, па затоа опуштете се и забавувајте се

Текстот Викенд хороскоп за 25 и 26 август е превземен од Reporter.mk.