Викенд хороскоп за 28 и 29 јули

Овен  

Во периодот помеѓу овие два дена, ќе успеете да воспоставите контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Оние кои се во сериозна врска, ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање. Покрај повремените болки во коските, можни се и полесни воспаленија на урино-гениталниот систем.

Бик

Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. Во сабота, можно е да запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптоварувајте со тоа. Мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден.

Близнаци

Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете непотребните караници со саканата личност. Желбата да промените нешто ограничете ја на сопствениот изглед.

Рак

Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.

Лав

Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

Девица

Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања. Многу сте емоционални и фокусирани на вашиот партнер.

Вага

Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чувства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да споделите некоја тајна. На љубовен план ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот.

Скорпија

Внимавајте на настаните кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Овие два дена искористете ги за патување на дестинација каде што досега не сте биле. Одвојте повеќе време за партнерот и не давајте ѝ на саканата личност причина за сомнеж во вашата љубов ако сакате да ја зачувате врската.

Стрелец

Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа може скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот. Ви треба партнер кој моментално ќе ја разбере вашата состојба и ќе ви помогне во проблемите кои ве засегнуваат.

Јарец

Ќе бидете многу чувствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите. Емоционално сте во поволна ситуација но ќе треба да му посветите повеќе внимание на вашиот партнер.

Водолија

Една мала криза ќе го расипе вашето расположение, па ако планирате средба со партнерот од која многу очекувате, воздржете се и одложете, се разбира ако не е многу тешко да го направите направи. Ако сте во брак, уживајте во секој убав момент што ви го овозможува вашиот брачен другар, зошто тоа е негов начин да ви искаже љубов и почит. Возвратете колку што сте во можност.

Риби

Ќе бидете многу чуствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Доста сте нервозни, а тоа е штетно за вашето здравје. Ако ве загрижува тежината обидете се со диета или спорт.

Текстот Викенд хороскоп за 28 и 29 јули е превземен од Reporter.mk.