Викенд хороскоп за 8 и 9 септември

Овен 

Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. Викенд е, не се случува ништо значајно, но токму тоа ве вознемирува најмногу.

Бик

Уживате во сите видови задоволства. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците. Одморете се, викенд е.

Близнаци

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите некаков успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.

Рак

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

Лав

Загрижени сте поради семејните односи и здравјето. Ова не е период за решавање проблеми, па затоа бидете трпеливи и дочекајте го поволниот момент. Така како од шега ќе решите се и ќе видите дека беспотребно сте се грижеле. Поминете го викендот со пријатели.

Девица

Повторно сте со разнишано расположение. Се чувствувате незадоволно и исфрустрирано. Потрудете се да ја поштедите околината од вашето расположение, иако тоа тешко ќе ви оди. Морате да соберете сила и да се смирите, бидејќи ве очекуваат значајни позитивни промени.

Вага

Се наоѓате во поволен период кој е придружен со добро расположение и толеранција. Искористете ја таа ситуација на работното место и за подобрување на запуштените емоции. Посветете повеќе внимание на партнерот.

Скорпија

Растргани сте на повеќе страни. Колку ќе успеете да издржите, зависи само од вашата кондиција. Слаба точка на организмот е срцето и може лесно да се заморувате. Бидете внимателни и со нервите. Одморете се што е можно повеќе.

Стрелец

На момент ќе успеете да избегате од суровата стварност. Се јавуваат симпатии кон некого, но немојте да очекувате премногу, бидејќи може да се разочарате. Вие сте личност која се однапред планира, па станувате жртва на сопствените нереални желби.

Јарец

Проаѓате низ специфична психичка криза. Ги криете чувствата и се чувате во себе, што може да се одрази на вашето здравје. Нетрпеливоста и избрзувањето имаат своја цена. Потрудете се да ја разбиете желбата за доминација и не размислувајте за нови почетоци.

Водолија

Размислувате да отпатувате во странство. Морате да создадете сигурен терен за да реализирате идеи кои на многумина им се чудни. Доколку сте во љубовна врска, не сте сигурни што точно сака партнерот од вас. Разговарајте отворено.

Риби

Викендов не организирајте и не договорајте никакви средби. Се препорачува да го минете викендот сами. Не преземајте никакви ризици. Ќе бидете растргнати. Ќе имате внатрешен немир. Вашите желби викендов нема да се подудираат со реалноста.

Текстот Викенд хороскоп за 8 и 9 септември е превземен од Reporter.mk.