Виолина со антиквитетна вредност од XVIII век која чини повеќе од 250.000 британски фунти, заборавена во воз во Лондон, му е вратена на сопственикот, музичарот Стивен Морис, пренесува телевизијата Sky News.
„Мојата виолина е дома, потполно е сочувана. Благодарам за огромната поддршка“, изјавил за телевизијата музичарот.
Претходно Морис преку британските медиуми бараше помош во потрагата по виолината, која останала во возот на 22-ри октомври кога тој се симнал на лондонската станица Пенџ Ист.
Инструментот е направен во 1709 година, од мајстрот Давид Теклер. Во интервјуто со британските новинари, музичарот призна дека во тоа време бил вознемирен од загубата, и вели дека тој само привремено свири и го чува инструментот, на кој свири 20 години, со надежи дека ќе им го предаде на други музичари.
Текстот Виолина стара 310 години заборавена во воз му ја вратија на сопственикот е превземен од Reporter.mk.