Трудницата Џулија Органо опишала како нејзиното момче, со кое чека бебе, го преживело рушењето на мостот во Џенова држејќи се за жица 20 метри над земјата.
29-годишниот Џанлука Ардини се држел така со часови иако се здобил со сериозна повреда на рамото. Мислел на своето дете кое допрва треба да се роди.
Ардини, продавач на компјутерски игри, го минувал мостот Моранди со автомобил за да испорача роба кога конструкцијата попуштила. Неговиот колега, 34-годишниот Мати Алтадона, кој бил во автомобилот заедно со него, паднал 45 метри во провалија и починал, но тој преживеал така што се фатил за жица.
“Не знам како да го опишам тоа што се случи, освен дека тоа е чудо. Не смеам да помислам низ што минувал додека со часови висел во воздухот држејќи се со сите сили за жица на висина од 20 метри”, изјавила Џулија Органо.
Таа рекла дека не разговарала со момчето по несреќата, но дека се и раскажале спасувачите.
“Ми кажаа дека пожарникарите му велеле да не мрда за да не падне. На крајот го спасиле”, вели таа.
“Сега има болки, но не е животно загрозен. Сигурна сум дека ќе има физички последици, но сепак можеме да кажеме дека сме имале среќа”, вели Џулија која одвај чека нејзиното момче да дојде дома.
Потсетуваме, во рушењето на дел од мостот кај Џенова загинале 39 луѓе, а 12 повредени се во критична состојба.
Текстот Висел на жица со часови на срушениот надвозник во Џенова е превземен од Reporter.mk.