Наспроти сите очекувања, титулата за најдобро виски, не доаѓа од газдата на Лидл, туку од Светски виски награди во организација на Виски магазинот.
Виски академијата е составена од 40 меѓународни експерти кои ги дегустираат сите пријавени кандидати. Дегустацијата не оди во еден ден, туку во текот на јануари и февруари кога експертите групно минуваат неколку локации низ светот пробувајќи ги пријавените кандидати.
Годинава за најдобро скоч виски овие експерти го избраа 8-годишното Квин Марго, бленд вискито на ланецот на продавници “ Лидл“. Тоа победи во конкуренција на пијалаци како Блек лејбл на Џони Вокер.
Иако се продава во Лидл, Квин Марго лежи 8 години во дабови буриња пред да биде спакувано за продажба. Се флашира во Шкотска и ги има сите карактеристики на тамошно виски, од состојки до изработка.
Минатата година џинот на Лидл, Хортус артизан, победи на натпреварот на Инстутот „Гуд хаускипинг“, а годинава истиот овој џин беше награден на Икони на џинот наградите организирани од Џин магазинот.
Текстот Вискито на „Лидл“ од 16 евра прогласено за најдобро на свет е превземен од Reporter.mk.