Власите се обидуваат да ја затскријат најголемата еколошка катастрофа во САД

Пред 14 години ураганот Иван тешко ја има оштетено нафтената платформа на компанијата „Тејлор Енерџи“, во Мексиканскиот залив. Од тогаш, штетата делумно е санирана, а секој ден во морето се изливаат 300-700 барели на нафта. Ова може да претставува најголемата еколошка катастрофа во САД.

Многу од настанатите дупки на оваа платформа не се затворени, официјалните лица сега проценуваат дека дамката би можела да продолжи да се прошири и во иднина.

„За нафтената дамка малку се знае надвор од Луизијана, поради напорите на компанијата, целиот настан да го држи во тајност, со надеж дека на тој начин ќе ја заштити својата репутација и информациите за своите операции“, се наведува во тужбата која на крајот ја приморала компанијата да го објави планот за чистење.

Дамката била скриена шест години пред еколозите да наидат на неа. Тие ги надгледувале последиците од несреќата од 2010 година со платформата Dipvoter horajzon на компанијата „Бритиш петролеум“, неколку километри северно од локацијата на нафтената дамка предизвикана од „Тејлор Енерџи“.

Министерството за внатрешни работи се бори со напорите за компанијата „Тејлор“ се отстрани од катастрофата. Компанијата го тужела Министерството пред федералниот суд, брајаќи враќање на околу 450 милиони долари оставени како залог на доверба со владата, за да ги финансира напорите за лоцирање на затрупаните дупки.

Од „Тејлор енерџи“, не ги коментирале последните вести. Компанијата претходно навела дека не постојат докази која било од дупките да протекува. Минатиот месец независна анализа од Министерството за правда покажала дека дупката била многу поголема од 1-55 барели дневно, како што тврделе од Националниот центар за американската крајбрежна стража.

Во оваа доба на климатски промени и топли мориња, бурите стануваат се почести и поинтезивни. Почна со Ивана во 2004 година, неколку урагани досега уништија или оштетија повеќе од 150 платформи за четири години. Просечно секоја година во Луизијана од платформите и крајбрежните нафтени тенкови во морето се изливаат 330.000 галони сурова нафта.

Мексиканскиот залив е еден од најбогатите и најпродуктивни региони за нафта и гас во светот, а се очекува оваа година да даде повеќе од 600 милиони барели, што чини 20% од вкупното американско производство на нафта.

Уште 40 милијарди барели лежат под земјата, чекајќи да бидат откриени, велат владини аналитичари. Во водите кај Луизијана има околу 2000 нафтени платформи, а речиси 2000 други кај брегот на нејзините соседи, Тексас и Мисисипи.

„Тејлор енерџи“ беше гигант во Њу Орлеанс во сопственост на Патрик Ф. Тејлор, магнат и филантроп кој покрена амбициозна програма на стипендии за сиромашните студенти. Ова некогаш била негова единствена компанија за истражување и производство на нафта во Мексиканскиот залив. Тејлор во 1995 година, ја превземал платформата во која некогаш оперирал „Бритиш петролеум“, на околу 40 нивоа. „Нозете“ на платформата биле забиени во океанскиот под и истата била прикачена со цевки со 28 бушалици. Со оваа компанија Тејлор и неговата жена Филис станале најбогатата двојка во Њу Орлеанс. Но, инвестицијата пропаднала кога ураганот на 15 септември 2004 година, ја уништил платформата. Повеќе од 620 барели сурова нафта пропаднале заедно со платформата. Челичните делови и нафтата која истекува се затрупани со 45 метри кал.

Патрик Тејлор починал два месеци по бурата на 67 годишна возраст, од срцева инфекција, оставајќи го богатството во добротворни цели и огромна сметка за чистење на катастрофата.

Компанијата ја пријавила дамката на Крајбрежната стража, која ја надгледувала локацијата половина деценија, додека јавноста не ни знаела за неа. Четири години по несреќата, Крајбрежнат астража ја известила „Тејлор енерџи“, дека дамката прераснала во значителна закана за околината и компанијата се договорила со власите да покрене фонд вреден 666 милиони долари за да го спречи ширењето на дамката.

Од тогаш „Тејлор“ превземал разни мерки, но нафтата продолжила да истекува.

Речиси деценија по срушената платформа, владата одредила дека реалното ниво на истекување на нафтата во заливот е 1-55 барели дневно, додека денеска се проценува дека во прашање се 700 барели (еден барел има 42 галони). И покрај тоа американската Национална агенција за океан и атмосфера сеуште е во рана фаза на проценка на ресурсите на подморскиот живот, што би можело да ги објасни и последиците од дамката предизвикана од „Тејлор енерџи“. Таа доцни повеќе од три години со издавање на биолошките последици од нафтената дамка на „Бритиш петролеум“.

Четрнаесет години по „Тејлор“ и 10 по „Дипвотер хорајзон“, американската федерална влада и понатаму не ги знае целосните последици од нафтената дамка и подморскиот живот. Во оваа нафтена сага, во Мексиканскиот залив, официјалните лица од атланскиот брег со нетрпение очекуваат да слушат што претседателот Доналд Трамп ќе предложи во врска со федералните заеми.

Текстот Власите се обидуваат да ја затскријат најголемата еколошка катастрофа во САД е превземен од Reporter.mk.