Властите во град во Оклахома нудат 10.000 долари само за да се преселите таму

Како дел од новата иницијатива, властите во градот Талса во Оклахома нудат 10.000 долари, но и голем број на други бенефиции за сите оние кои ќе одлучат да се преселат тука во наредните година дена за да работат.

Проектот го носи името Tusla Remote, а го основала фондацијата на семејството Џорџ Кајзер, со намера во градот ги донсе претприемачите кои се заинтересирани дополнително ја развијат својата работа.

Секој кој ќе се одлучи да се пресели во Талса ќе добие 10.000 долари помош во текот на годината. Прво ќе добие 2500 долари надокнада за трошоците за преселба. Месечно ќе добива и по 500 долари, се до финалните 1500 долари на крајот на 12 месец.

Оние кои ќе минат на конкурсот, ќе живеат во нови, опремени станови со 33 % пропуст на комуналиите.

Текстот Властите во град во Оклахома нудат 10.000 долари само за да се преселите таму е превземен од Reporter.mk.