Внуката на Роберт Кенеди пронајдена мртва

Соирс Кенеди Хил, 22-годишната внука на поранешниот американски сенатор Роберт Кенеди, е пронајдена мртва во семејната куќа во Кејп Коуд. Според американските медиуми, Соирс починала од предозирање. Таа е единственото дете на Кортни Кенеди Хил, ќерката на Роберт и Етел Кенеди, и на Пол Мајкл Хил.

„Срцата ни се скршени заради загубата на нашата сакана Соирс. Нејзиниот живот беше исполнет со надеж, ветувања и љубов“, стои во изјавата на семејството Кенеди.

22-годишната Соирс била вклучена во бројни хуманитарни активности, меѓу кои изградбата на училишта во Мексико, а била дел и од неколку организации за човекови права и за правата на жените.

Инаку, нејзиниот татко, Пол Мајкл, е познат во јавноста по тоа што бил еден од четворицата лажно осудени за вомбашки напади на Ирската републиканска армија (ИРА).

 

Текстот Внуката на Роберт Кенеди пронајдена мртва е превземен од Reporter.mk.