Во 2018 намален број сиромашни, заздравува озонот, горилата не се загрозени

Претходната 2018 година беше драматична, полна со тешки катастрофи, што природни, што предизвикани од човечко делување. Сепак не треба да се заборави дека изминатата година се случиле и некои важни и позитивни работи.

1. За прв пат во историјата, намален бројот на сиромашни

Во септември институтот Брукингс објави дека за прв пат откако се бележат овие податоци, повеќе од половината на светската популација не е сиромашна, туку е во припадници на средна класа или богати. Под поимот припадници на средната класа воглавно се подразбираат оние кои себе си можат да си дозволат патувања, одење во кино, театар и кои можат да си дозволат да си купат автомобил.

Процентот на луѓе кои живеат под границата на сиромаштија паднал од 36% од 1990 година на околу девет проценти оваа година.

2. Заздравува озонската обвивка

Според најновата проценка на состојбата на озонската обвивка, горниот слој над северната хемисфера, веројатно ќе биде целосно опоравен до 2030 година, а целиот слој до 2060 година, велат од Обединетите Нации. Експертите велат дека тоа е исклучителен пресврт кој покажува што се може да предизвика глобалната акција.

3. Горилата повеќе не се критично загрозен вид

Планинските горила од централна Африка се отстранети од листата најзагрозен вид. Последните податоци покажуваат дека нивниот број пораснал од 620, колку што ги имало во 1989 година, на околу 1000 денес. Деведесетите години биле направени голем број на акции од организацциите за заштита на дивите животни, кои денеска вродиле со плод. Горилата биле на работ на изумирање, најмногу поради ловокрадците, пренесува „Радио Слободна Европа“.

 4. Регионот Херат исчистен од мини

Регионот во Авганистан, Херат, во февруари оваа година конечно целосно е исчистен од мини. Голем дел од нив се поставени во 1980 година. Неколку години подоцна голем број на луѓе имаат загинато поради овие мини. Една британска група успеа да ги деминира по една деценија и конечно целиот регион да го исчисти од овие смртоносни направи.

5. Намален бројот на самоубиства

Според пишувањата на економскиот магазин The Economist, глобалната стапка на самоубиства во 2018 година паднала за 38% во однос на 1994 година, период во кој се извршиле рекорден број на самоубиства. Сепак, постојат исклучоци на земји, како што е САД, каде стапката на самоубиства и понтаму е во значителен пораст.

6. ЕУ ги спасува пчелите

ЕУ во април се согласи да ја забрани групата на инсектициди кои се поврзани со драматичното намалување на бројот на пчелите. Експери од 28 држави се договориле да ја забранат употребата на три отровни неоникотиноиди, шест години откако Европската агенција за безбедност на храна, заклучила дека хемикалиите се штетни за пчелите.

7. Индија ја декриминализираше хомосексуалноста

Врховниот суд во Индија ја укина забраната на сексуални односи меѓу луѓето од ист пол. Овој закон постоел уште од колонијалната доба. Геј-сексот повторно стана кривично дело во Индија во 2013 година. Сепак, врховниот суд на нацијата гласаше за рушење на овој закон во септември, носејќи одлука дека хомосексуалниот чин меѓу полнолетните возрасни лица не е злостор.

8. Забранет комерциалниот риболов на Арктикот

Со склучениот меѓународен договор на најмоќните земји, се забрани комерцијалниот риболов на Арктикот. Поради тоа што топењето на ледот создава нов потенцијал за експлоатација на Арктикот, во октомври е потпишана забрана за риболов, која има за цел да го заштити поголемиот дел од кревкиот екосистем. Комерцијалниот риболов ќе биде забранет на значителен простор на Арктикот според договорот кој бил потпишан на Гренланд.

 

 

Текстот Во 2018 намален број сиромашни, заздравува озонот, горилата не се загрозени е превземен од Reporter.mk.