Во Анкара е изградена болница голема колку 100 фудбалски игралишта

Во Анкара, Турција, е отворена една од најголемите градски болници во светот. Болницата е изградена на површина од околу 100 фудбалски игралишта, опремена е со 3633 кревети, 131 операциона сала и 904 клиники, а ќе може да згрижи 30.000 пациенти. Целиот проект чини околу 1 милијарда долари, а болницата се градеше повеќе од десет години.

Анкара планира да отвори уште 30 бoлници врз основа на моделот јавно приватно партнерство, пренесува „Ројтерс“. Ваквите големи бoлници ќе можат да обезбедат комплетна медицинска нега на едно место за сите пациенти.

Текстот Во Анкара е изградена болница голема колку 100 фудбалски игралишта е превземен од Reporter.mk.