Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, потпишала предлог-закон со кој се забрануваат речиси сите видовиа абортус во оваа сојузна држава. Налекарите кои ќе ја извршеле интервенцијата, според новиот закон, им се заканува доживотна казна затвор.
„За големиот број приврзаници на овој закон секој живот е драгоцен и секој живот е свет подарок од Бога“, порачала републиканската гувернерка во соопштението упатено до јавноста.
Законодавците во оваа југоистична американска сојузна држава предлог-законот го усвоија во вторникот. Сега се покрена правна битка за мерката која стана најстрог закон за абортусот во САД, пренесува „Глас на Америка“.
Од американската федерација за планирано родителство велат дека ќе го оспори овој закон на суд. Сенатот во Алабама, каде мнозинството е со републиканци, гласаше со 25 гласови „за“ и шест „против“.
Абортусот направен во кој било стадиум од бременоста е прогласен за прекршок, казнив со 99 години или доживотна казна затвор за лекарот кој ќе го спроведе. Жените кои ќе побараат абортус или ќе бидат подложни на истиот, нема да бидат казнети според овој закон.
Единственит исклучок за прекин на бременоста може да се изведе само во случај ако е сериозно загрозено здравјето на жената. Сенаторите ја отфрлија можноста во законскиот предлог се додаде исклучокот во случај на силување или инцест.
Оние кои го поддржуваат законот велат дека тој е напишан на начин што сега може да се покрене законска процедура со која би можела да доведе Врховниот суд во САД ја укине историската одлука од 1973 година, со која на федерално ниво се легализира абортусот.
Текстот Во Ариозна изгласан закон со кој се забранува абортусот е превземен од Reporter.mk.