Во Болоња гратис пиво ако наместо кола возите точак

Италијанскиот град Болоња ги наградува граѓаните со бесплатно пиво доколку ги возат своите велосипеди, се одлучат за јавен превоз или пешачат. Со апликацијата за паметен телефон наречена „Бела моса“ (Одлична работа) тие добиваат поени што можат да ги потрошат на пиво, сладолед или на билети за кино кога ќе се одлучат за незагадувачки начин на патување.
Проектот „Бела моса“ е идеја на Марко Амадори, кој објаснува дека прво мора да се преземе апликацијата „Бетр поинтс“ (Подобри поени), што ќе го води вашиот дневник на превоз, но и за собирање поени за награда. Повеќе од 100 локални кафулиња и слаткарници се вклучени во овој проект, а луѓето се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој заработил повеќе поени.

Текстот Во Болоња гратис пиво ако наместо кола возите точак е превземен од Reporter.mk.