Во древна египетска гробиница, стара повеќе од 3500 години, археолозите откриле два саркофази со мумии кои биле зачувани во совршена состојба.
Тим на археолози од Универзитетот во Стразбур ги пронашол мумиите неодамна во долината Асасиф кај градот Луксор, пренесува „Би-Би-Си“.
Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети Мосфат Вазири, изјавил во саботата на конференција за новинари, дека археолозите до најновото откритие дошле додека работеле на таа локација која започнала во март.
За време на археолошките ископувања во истата гробница пронајдени се околу 1000 погребни статуи. Експертте велат дека гробницата припаѓа на 18 египетска династија која владеела од 1550 до 1300 година пред новата ера.
Пред две недели, во неодамна откриената древна гробница со надимак Каира, археолозите откриле колекција на мумифицирани мачки стари повеќе од 4000 години.
Mummy of 3,000-year-old woman found ‘perfectly’ preserved in Egyptian coffin https://t.co/6tQgSbu9bN pic.twitter.com/Qt3s007dFb
— LADbible (@ladbible) November 25, 2018
Во тоа време, се откриени седум саркофази на периметарот на Пирамидалниот комплекс на кралот Усеркаф, а три од нив содржеле мумии на мачки. Се планира да се продлжи со истражувањеето.
Археолозите откриле и врата која води во друга гробница, која и понатаму останала запечатена, а која планираат да ја отворат во наредните недели.
Луѓето во древен Египет биле мумифицирани за да нивните тела се сочуваат за животот по смртта, додека животните биле мумуфицирани како принос на жртви за боговите.
Текстот Во Египет откриена совршено сочувана мумија е превземен од Reporter.mk.