Во Германија размислуваат да отворат Министерство за осаменост

Властите во Берлин размислуваат да воведат Министерство за осаменост, затоа што оваа појава прима облик на епидемија во Германија, особено во главниот град.

Во Берлин, каде што живеат околу 3,5 милиони жители, речиси половина од сите домаќинства се по една личност, а најмалку 300 луѓе умираат годишно во становите.

Секоја десетта личност во Берлин е осамена, а оваа епидемија особено ги има погодено старите лица, е наведено во студијата на Универзитетот „Рур Бохум“. Исто така секоја петта личност постара од 85 години е осамена.

Ова прашање се заканува да стане вистинска здравствена криза, затоа што долгорочно гледано и според актуелните истражувања, осаменоста го зголемува морталитетот во иста мерка како и пушењето на 15 цигари дневно.

Црвениот крст осаменоста ја нарекол „скриена епидемија“. Германските пратеници веќе смислиле некои креативни решенија. Властите во 2017 година вовеле посебна телефонска линија за постари лица, кои празниците ги минуваат сами, а сè погласни се заговорниците на идејата да се формира Министерство за осаменост, по примерот на Британија.

Партијата CDU, предложла иметнување на официјален комесар за осаменост во Берлин.

„На градот Берлин, кој е растечка повеќемилионска метропола, му е потребен ваков чекор. За оваа работа потребно е некој кој ќе работи со полно работно време, за да работите се координираат подобро“, изјавил портпаролот на CDU, Мајк Пен. Тој додал дека ако предлогот помине, комесарот ќе добие фонд од околу 100.000 евра годишно, за своите проекти.

 

 

Текстот Во Германија размислуваат да отворат Министерство за осаменост е превземен од Reporter.mk.