Властите во некои градови во Германија на граѓаните им нудат бесплатен градски превоз, сè со цел да го намалат загадувањето на воздухот. Ваквата одлука стигнала откако Европската комисија, во мај 2018 година, поднела до Европскиот суд за правда, тужба против Германија и уште пет земји членки на ЕУ, за загадување на воздухот.
Жителите на Хановер се првите кои ги користеа услугите на градскиот јавен превоз бесплатно. Властите покрај бесплатниот јавен превоз, како мерки против загадувањето, затворија некои од градските улици.
Тие велат дека на овој начин, автобусите и трамваите ќе можат да стигнат побрзо до крајната дестинација. Властите велат дека на овој начин порастот на бројот на патници не бил видлив, затоа што истовремено на улиците биле пуштени во сообраќај повеќе трамваи и автобуси од вообичаено.
Регионалниот началник за сообраќај, Улф Биргер Франц, проценил дека овој акционен ден ги чинел властите околу 600.000 евра. „Скапо, но успешно“, изјавил Франц.
Според првите сознанија, јавниот превоз имал 60% повеќе патници. Градоначалникот Белит Онај, го поздравил ваквиот резултат. Сепак Франц нагласил дека станува збор за експеримент, а не долготрајно решение.
Текстот Во градови во Германија јавниот превоз стана бесплатен е превземен од Reporter.mk.