Во Италија од основно ќе се учи за климатските промени

Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фјорамонти изјавил дека неделните часови за климатските промени ќе станат обврзувачки за ученциите во државните основни и средни школи.

Фјорамонти на „Твитер“ навел дека Италија ќе биде првата земја во светот која ќе го вметне учењето за одржливоста и климатските промени во обврзувачката школска програма.

Учениците овој предмет ќе го учат уште од прво одделение, па се до завршување на средното школо. Министерот на почетокот на школската година изјавил дека учениците кои ќе учесствуваат во протестите за климатските промени „Петок за иднина“ нема да добијат неоправдани изостаноци за пропуштените часови.

Министерот Фјорамонти е член на движењето „Пет ѕвездици“.

 

 

Текстот Во Италија од основно ќе се учи за климатските промени е превземен од Reporter.mk.