Јануари месец е период во кој луѓето најмногу даваат отказ, покажуваат последните истражувања. Ова е период во кој повеќето размислуваат дали да продолжат со старата работа или да најдат нова. Првиот работен ден е наречен „Големи понеделник“ и е најпопуларен ден за наоѓање на нова работа.
Потрагата трае цел месец, а во просек, една од пет личности бара нова работа во новата година. Што е тоа што ги тера луѓето во јануари да размислуваат да го напуштат работното место. Експертите за вработеување и работодавците откриваат што е тоа што ги тера да донесат вакви одлуки во јануари.
„Нова година, нов јас“ е стара изрека која ги тера луѓето на големи промени во новата година. Стивен Хамфрис, директорот на една компанија, раскажал како желбата за нови цели ги тера луѓето да бараат нова работа.
„Јануари е доба кога луѓето самите си поставуваат нови цели и бараат промени. Работата е голема работа во животот, па тоа е првата работа која се одлучуваат да ја променат“, вели Хамфрис.
Ник Кирк, главниот директор на друга компанија, велат дека луѓето бараат свеж почеток.
„Во јануари се зголемува бројот на пријави за работа, затоа што луѓето се инспирирани за промени, најмногу на средината на месецот, а уште една интересна работа е тоа што го прават во вторник. На „големиот понеделник“, носат одлука, а во вторник ја спроведуваат“, вели Хамфрис.
Врските се прекинуваат, бројот на разводи се зголемува
Фил Весткот, директор на секторот за вработување во една фирма, верува дека месец јануари е период кога луѓето се будат и се освестуваат од настаните од минатата година.
„Луѓето доживуваат драстични промена во декември, а потоа во јануари бараат нова работа. Бараат нова промена во животот. На пример, на почетокот на декември се случуваат најголемиот број на раскинувања, а остатокот е популарен за веридби“, вели Хамфрис.
Во јануари е период кога се случуваат најголемиот број на разводи и тоа уште во првата недела. Било да се оставени или да ги оставаат нивните партнери. Тие бараат и нови работи во желба за нов почеток.
Семејството е голема мотивација
Времето поминато со семејството и пријателите во декември ги мотивира и поттикнува луѓето да донесат голем број одлуки на почетокот на годината и да ја променат перспективата за некои работи.
Фил верува дека оние кои биле во текот на целата година несреќни, си поставуваат себе си прашања дали треба да се вратат на работа.
„Празничниот период во кој луѓето се одвоени од работата и го минуваат со семејствата и пријателите, е клучен за работата. Ако до тој момент се чувствувале стресно и биле под притисок, за време на празниците се опуштиле и сватиле дека не вреди да се вратат на старото работно место“, вели Весткот.
Промени во фирмата
Јануари е период во кој се случуваат и најголем број унапредувања. Оние кои нема да го добијат, добиваат мотивација да бараат нова работа.
Меги Олд, директорка на фирма, се согласува со тврдењето дека јануари е голем месец во календарите на фирмите.
„Многу фирми планираат да направат големи промени во новата година, а некои вработени не се гледаат себе си во тоа, па се одлучуваат да дадат отказ.
„Јануарско расположение“
Уште една причина за отказите е депресијата во јануари. Целиот месец е сив, деновите се темни и генерално владее лошо расположение меѓу луѓето.
Текстот Во јануари луѓето најмногу даваат отказ е превземен од Reporter.mk.