Во Македонија нема ниту еден милијардер. Барем така вели картографот Јакуб Маријан, кој на својата страница објавил карта што го прикажува бројот на европски милијардери во 2018 година.
Податоците се базирани на табелите на Форбс за најбогатите лица во светот.
„Како Европеец кој ја сака статистиката, ме интересира колку од тие лица живеат тука“, пишува Јакуб на својот сајт.
Јакуб напоменува дека на картата е прикажан бројот на милијардери на 10 милиони жители, но и реалната бројка на милијардери на темел на нивните државјанства. На пример, во САД има 18 милијардери на 10 милиони жители, односно 585 милијардери вкупно. За споредба, Кина има 373 или 2,7 на 10 милиони луѓе.
Јакуб напоменува дека двете микродржави, Монако и Лихтенштајн, имаат барем по еден милијардер, што е врв на статистиката. Интересно е дека Луксембург нема ниту еден милијардер иако во 2014 година таму живееле 17 од нив. Но, ниту еден нема државјанство.
Пописот на чешкиот математичар и лингвист прикажува тажна слика за Балканот, но ништо подобро не стојат ниту другите словенски земји. Русија е очекувано на врвот, со 101 милијардер. Ја следи Украина со 7, Полска и Чешка со 6, Словачка со еден милијардер. Останатите европски земји, Белорусија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Словенија и Хрватска немаат ниту еден милијардер.
Јакуб Маријан минатата година ја објавил и картата што го прикажува распоредот на богатството во Европа.
Текстот Во Македонија нема ниту еден милијардер е превземен од Reporter.mk.