Битолчанецот Никола Грнчарова и неговата девојка Рената неодамна направија традиционална македонска венчавка во бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. И двајцата беа во типичната традиционала насија за реканскиот крај, а по традиционалната венчавка, тие се облекоа во модерна венчаница и костум, па направија модерна свадба. Нивната љубовна приказна почнала во тој крај, во Куќата на мијаците, каде и се запознале.
„Приказната започна пред две години тука, во овој ресторан. И таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата“, изјавил Никола за бамбитола.мк
На првата годишнина од врската тој ја побарал за сопруга на врвот Голем Крчин на 2341мнв, тоа е врвот што се гледа од дворот на бигорскиот манастир.
„Со благослов на отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии типични за тој крај направивме традиционална македонска венчавка “- раскажал битолчанецот Никола Грнчаров.
Фото: ЗАГА Продукција
Текстот Во мијачки носии на традиционална венчавка, Никола и Рената помеѓу сегашноста и минатото е превземен од Reporter.mk.