Во Луксембург најбогата земја во рамки на Европската унија, гласањето на избори изнесува само осум часа. Од утрово во осум часот отворените се гласачките места на кои граѓаните можат да гласаат на парламентарите избори.
Истите ќе бидат затворени до 2 попладне, а резултатите се очекуваат да бидат соопштени вечерва, пренесува Ројтерс.
Анкетите покажуваат дека Христијанско-социјалната народна партија ќе успее да го завери петгодишниот мандат на Хавиер Берела на местото премиер.
Партијата најверојатно ќе успее да го освои потребното мнозинство во парламентот од 60 места и ќе мора да го побара сојузништвото со една од трите владејачки партии, со Демократската партија, Социјалистичко работничката партија или партијата на Зелените.
Британската агенција додава дека надворешната политика во оваа најбогата земја на Европската унија и втора најмала држава по големина, веројатно нема премногу да се промени.
Текстот Во најбогата земја на ЕУ, гласањето на избори трае неколку часа е превземен од Reporter.mk.