Во Романија пропадна референдумот за забрана на истополови бракови

Дводневниот референдум во Романија на кој гласачите одлучуваа за уставните измени според кои семејството би било дефниирано како заедница меѓу маж и жена, со што би се забранил истополовиот брак, не успеа.

На референдумот не излегоа доволен број на гласачи. Од Централната изборна канцеларија соопштија дека по затворањето на избирачките места, биле избројани 20,41% од регистрираните гласачи, со што не била достигната бројката од најмалку 30% за референдумот биде успешен.

Неусвоениот амандман требало да ја измени дефиницијата за семејството во романскиот Устав, така што бракот наместо заедница „сопружници“, ќе биде дефиниран како заедница меѓу „маж и жена“. Романската православна црква го поддржа ваквиот амандман.

 

Текстот Во Романија пропадна референдумот за забрана на истополови бракови е превземен од Reporter.mk.