Документарниот филм за легендарната глумица Анче Џамбазова, ќе биде премиерно прикажан на 4 април (сабота) од 20 часот на Јутјуб каналот на „Театар Комедија“. Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски. Филмот беше официјално прикажан на Фестивалот на комедијата „Гола меселина“, кој се одржа лани во септември.
Инаку, фестивалот е во организација на НУ „Театар Комедија“ заедно со Општина Аеродром. На последното издание на фестивалот првпат беше доделена и наградата за животно дело, која го носи името на познатата актерка.
За потсетување, Анче Џамбазова е ќерка на великанот на македонското глумиште Петре Прличко, а мајка на актерот Игор Џамбазов. Најпозната е по улогите во Македонски народни приказни и „Мирно лето“. Глумицата почина на 30 септември 1997 година.
Текстот Во сабота премиера на документарниот филм за Анче Џамбазова е превземен од Reporter.mk.