Во италијанскиот град Самбука во близина на Палермо, куќите се продаваат по цена од едно евро. Откако во јавноста излегоа огласите, градските служби велат дека телефоните постојано ѕвонат.
Оваа мерка која е популарна во Италија е усвоена на почетокот на јануари. Заменик градоначалникот Џузепе Качапо вели дека куќите ќе бидат продадени по цена за еден кроасан, ако на аукцијата некој не понуди повеќе.
Веќе следниот ден сотина луѓе од Велика Британија, Дубаи, Панама и Русија стигнаа во Самбука да разгледаат некои од недвижнините. Во меѓувреме, телефонот во градските канцеларии, непрекинато ѕвонел веќе со недели.
„Не бараа од Сиднеј, Лондон и Њујорк. Неколку недели по огласувањето, примивме речиси 100.000 мејлови, а многумина потенцијални купци веќе ги купија првите достапни летови за Сицилија“, вели Качопо.
Во средата се продадени првите 16 куќи. Најевтината била продадена за 1000 евра, а најскапата за 25.000 евра. Останатите се продадени по цена меѓу 5000 до 10.000 евра.
Меѓу новите сопственици се семејства од Израел, Британија, Русија и Чиле. Уште 50 куќи во Самбуки се продадени на приватни странски купци.
„Меѓу приватните и општинските куќи, примивме вкупни инвестиции од милион евра. Тоа е вистинско богатство за мал град, како што е нашиот“, изјавил Качопо.
Инаку, новиот сопственик за време на купувањето мора да се обврзе во рок од три години, во обновата на станот да вложи минимално 15.000 евра. Плус, пред купувањето, потребно е да положи депозит од 5000 евра, кој ќе биде вратен по обновата на куќата.
Текстот Во Сицилија се продаваат куќи по цена од едно евро е превземен од Reporter.mk.