Добро сочуван скелет на на најголемиот тревопасен диносаурус, титаносаурус, е пронајден крај река во Танзанија. Овој скелет открива важни особености за еволуцијата на најголемите суштества кои некогаш живееле на Земјата – титаносаурусите.
Новооткриениот диносаурус е наречен Мнијамавамтука мојовамкија. Имал долг врат и опашка, тежел околу еден тон, а вкупната должина му е осум метри. Тој живеел пред 100-110 милиони години и е ран претставник на титаносаурусите. Пред диносаурусите да исчезнат по ударот од астероид на Земјата пред 66 милиони години, титаносаурусите достигнале џиновска големина. Во Патагонија е пронајден скелет на титаносаурус долг 37 метра и тежок 70 тона.
Досега се откриени коски од околу 60 титаносауруси низ светот, но повеќето само како мали неповрзани остатоци. Скелетот на Мнијамавамтука е зачуван 45 отсто, има многу пршлени од вратот и опашката, но не и од черепот.
Животното живеело во топла и сува средина, каква што и денес е тој дел на Средна Африка.
Текстот Во Танзанија откриен скелет од титаносаурус е превземен од Reporter.mk.