Во водите на Јужна Кореја откриен е руски брод со 200 тони злато. Станува збор за руски воен брод, кој бил потопен пред 113 години, а кој е откриен во близина на крајбрежјето на Јужна Кореја. Истражувачите веруваат дека во него се наоѓа злато вредно повеќе од 100 милијарди фунти.
Оклопниот крстосувач на руската царска морнарица, „Димитриј Донској“, е потопен во битката со Јапонците во мај 1905 година, а остатоците биле пронајдени само километар од брегот на јужнокорејскиот остров Улеунгдоа, на длабочина од 500 метри.
Бродот го пронашле истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и од Канада. Тие го откриле со помош на мала подморница. Ги снимиле топовите на палубата и котвата, а му се гледало и целото име.
„Димитриј Донској“, крстосувач кој носи 6.000 тони, почнал да плови во 1883 година во Санкт Петербург, а се напојувал преку котлите за јаглен и три јарболи со едра.
Голем дел од руската царска флота бил потопен во битката кај Цушима, а „Димитриј Донској“, кој носел околу 200 тони златни плочки и парички, бил потопен на 29 мај во 1905 година кога пловел кон Владивосток. Во тие моменти загинале 60 од 591 член на екипажот.
Компанијата „Шинил“ има намера да го извади бродот во октомври, а веќе известиле дека половина од тоа што ќе биде пронајдено, ќе ѝ биде вратено на руската влада.
Текстот Во водите на Јужна Кореја пронајдени 200 тони злато е превземен од Reporter.mk.