Еквадор е се поблиску до одлуката да го укине азилот на основачот на Викиликс Џулијан Асанж и да го исфрли од својата амбасада во Лондон, објавил американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд.
Претседателот на Еквадор Ленин Морено во петокот ја посетил Велика Британија, каде се состанал со тамошните претставници за да направи договор под кој, азилот на Асанж би бил укинат, а тој би бил предаден на британските власти, објавил Гринвалд на својата интернет страница Интерсепт.
Повикувајќи се на извори блиски до претседателот на Еквадор и министерството за надворешни работи, тој наведува дека веќе на почетокот на наредната ндела, Асанж би можел да биде исфрлен од амбасадата на Еквадор.
Австралискиот државјанин Асанж се наоѓа во амбасадата во Еквадор од 2012 година, откако во Шведска беше обвинет за сексуален напад. Внатре во амбасадата тој не смее да биде уапсен.
Furniture removed from Ecuadorian embassy amid Assange asylum withdrawal reports
LIVE NOW: https://t.co/eHfjrKaPGC pic.twitter.com/0e0YyV2xdl
— Ruptly (@Ruptly) July 22, 2018
Шведска во меѓувреме се откажала од обвинувањата, но Британија и понатаму се заканува дека ќе го уапси затоа што тогаш не се одѕвал на судскиот повик.
Асанж тогаш верувал, како воглавно и сега, дека, ако ја напушти зградата на амбасадата ќе биде испорачан на САД каде ќе биде испрашуван за активностите на Викиликс.
Текстот (Во живо) Британците го испорачуваат Асанж? е превземен од Reporter.mk.