Италијанската телевизиска ѕвезда Елиса Исоарди, која беше во врска со заменик италијанскиот премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, се раздели од својот долгогодишен партнер, објавувајќи на социјалните мрежи нивно заедничко селфи како лежат заедно во кревет.
Раскинувањето беше главна тема на сите вести низ италијанските сајтови и телевизиските вести, заедно со вербалната војна меѓу Рим и Европската комисија за италијанскиот буџет и бурите, кои измантите месец дена однесоа повеќе од десетина живот, пренесува Ројтерс.
Исоарди (35) која води телевизиско ток-шоу, објави фотографија на која таа е будна, додела Салвини спие на нејзиното рамо.
„Нема да ми недостасува тоа што си го овозможивме еден на друг, туку она што можевме допрва да си го дадеме еден на друг. Со огромна почит кој вистинската љубов која ја имавме, фала ти Матео“, наведе Исоарди под фотографијата.
Салвини бил на лет кон Гана, кога Исоарди ја објавила фотографијата и му соопштила на целиот свет дека нивната тригодишна врска е готова.
Текстот Водителка му раскина на заменик премиерот на Италија преку Инстаграм е превземен од Reporter.mk.