Вооружена банда украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонгконг

Воружена банда во Хонгконг украла тоалетна хартија во вредност од 130 долари, пренесуваат светските медиуми. Поради страв од коронавирусот, тоалетната хартија станува луксуз во овој град. Светските медиумите пренесуваат дека поради опасниот смртоносен вирус, постои опасност од недостиг на оваа роба.

Грабежот се случил во квартот Монг Кок, каде биле украдени стотина ролни тоалетна хартија. Групата ограбувачи им била позната на полицијата, од каде велат дека станува збор за членови на опасната група триада.

Полицијата вели дека успеала да ги фатат крадците, а според извештајот тие му се заканиле на доставувачот, кој своеволно им ги предал ролните тоалетна хартија. Ограбувачите украле 600 ролни во вредност од околу 130 долари.

Во Хонгконг во моментов постои страв од недостиг на тоалетна хартија, поради паничното купување на залихи, предизвикани од ширењето на коронавирусот. Голем број луѓе чекаат во редови пред продавниците, веднаш откако ќе пристигне робата. И покрај ветувањето на властите дека ќе има доволно храна и други домашни производи, во моментов се има потешкотии во снабдувањето со тоалетната хартија.

Освен тоалетна хартија, граѓаните во Хонгконг масовно купуваат, тестеници, ориз како и производи за чистење, а речиси е невозможно да се набават заштитни маски и ракавици. Слична паника владее и во Сингапур, каде се потврдени 75 случаи на зараза со коронавирусот.

 

 

 

Текстот Вооружена банда украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонгконг е превземен од Reporter.mk.