26-годишниот Камерон Андервуд пред две години се обидел да се самоубие, си пукал во главата, но преживеал. Тој си го разнел лицето, од целата вилица и лицето му останал само еден заб, но хирурзите во Америка му го реконструирале користејќи лице од починат донор. Камерон сега повторно има уста, нос, а може да се смее и да јаде цврста храна.
Тој вчера првпат излезе во јавноста и на на прес конференција во Њујорк раскажа дека повторно му се радува на животот. Открил дека лицето го добил од семејството на 23-годишниот Вил Фишер, шампион во шах, писател и филмаџија откако Вил починал.
Операцијата е извршена во јануари годинава. Над 100 медицински работници од болницата на Менхетн биле вклучени во самата операција за да му го вратат нормалниот изглед и функцијата на органите на главата. Тие работеле над 25 часа. Процесот на заздравување, пак, траел повеќе од десет месеци.
Cameron Underwood was injured from a self-inflicted gunshot wound, which left him in need of a #facetransplant. Plastic surgeon Dr. Eduardo D. Rodriguez completed a successful face transplant surgery on Cameron in January 2018. His miraculous comeback. https://t.co/qGvEIEKKX1 pic.twitter.com/EsPUrADWW9
— NYU Langone Health (@nyulangone) November 29, 2018
Текстот (Вознемирувачко видео) Американец доби ново лице од починато момче е превземен од Reporter.mk.