Кога Вики Шенон Ален (49) во мај минатата година почнала да работи на каса во магацин на Амазон во Тексас, била воодушевена што пронашла работа во најбрзата растечка компанија во светот. Сепак тоа чувство исчезнало по неколку месеци.
„Приметв дека менаџерите постојано поставуваат прашања за одењето во тоалет, работните перформанси и продуктивноста. Таа што тие го прават, е не следат цело време, а за мене тоа е начин како да се ослободат од работниците“, вели Вики.
Accidents at Amazon: workers left to suffer after warehouse injuries: https://t.co/M0DJ18pr49
— MAJ (@MNJustice) August 1, 2018
„Амазон“ во моментов е највредната малопродажна компанија во светот. Муштериите примаат услуги од преку 140 центри ширум САД. Приходите од тие центри направија од Џеф Безос најбогат човек во светот. Неговата нето вредност неодамна надмина над 150 милијарди долари. Поради тоа стана и најмоќната личност во историјата.
За разлика од него, Вики останала бездомник. По несреќата која ја доживеала во магацинот, повеќе не можела да работи на своето работно место. Вики тешко го повредила грбот.
На местото каде се слулича несреќата, немало заштитна опрема која би спречувала производите да паѓаат од полиците на подот. Таа го повредила грбот, работејќи во необична поза на телото. Немала никаква заштитна опрема.
Ова било само почеток на проблемите. Менаџментот на компанијата секој ден ја испраќал дома без плата, се додека Вики не побарала оштета.
„Се обидов да продолжам да работам. Но, не можев да ја испружам десната рака. А, јас сум деснак. Ми беше тешко да држам чекор со другите. Тоа траеше околу три недели“, раскажува Вики, која ги трошела своите пари за да доаѓа секој ден на работа, само за да и ја вратат куќата.
Кога успеала да добие компензација, почнала да оди на физикална терапија и во јануари се вратила на работа. Таа повторно се повредила на истото место. И понатаму службите не ја опремиле со потребната опрема. Земала боледување и две недели неплатен одмор затоа што немала пари да се вози на работа.
Иако со скенирањето кое го направила во април, се покажало дека грбот и понатаму е повреден. Сепак пет дена по дијагнозата направена од осигурителната компанија која била ангажирана за работниците на „Амазон“, од компанијата средиле таа да биде отфрлена како нејзин пациент.
До јуни спорното работно место било поправено.
„Им требаа осум месеци да стават едно мало парче заштита на тоа место“, наведува Вики.
Таа во моментов живее во својот автомобил на паркингот на магацинот на „Амазон“.
„Ме чинеа куќата, со денови немав што да јадам“, вели Вики.
Но, таа не е единствената. Едно истражување покажало дека постојат низа на случаи во кои работниците во „Амазон“ претрпеле повреда на работата и потоа биле третирани така што останале бездомници, неспособни да работат и оставени без приходи.
Компанијата „Амазон“ е меѓу првите 10 компании на „валканата листа“ на Националниот совет за безбедност и здравје на работното место во најопасните места за работа во САД во април 2018 година. „Амазон“ се најде на листата поради небезбедните услови за работа и фокусот на продуктивност и ефикасност, на сметка на загрозување на безбедноста и животот на своите работници. Акцентот на компанијата на исполнвање на безбројните нарачки, довело до небезбедни услови за работа во нивната компанија.
Портпаролката на „Амазон“ Мелани Ичиз изјавила дека безбедноста на работното место е приоритет на компанијата.
„Амазон“ создал повеќе од 130.000 работни места само минатата година и вработила повеќе од 560.000 луѓе ширум светот. Обезбедувањето на безбедноста на работниците е наш главен приоритет“, навела Ичиз.
Текстот Вработена во „Амазон“ го обвинува Џеф Безос за нехуманост кон работниците е превземен од Reporter.mk.