Шаренолики е изборот кој ни го нудат дизајнерите за идната сезона, па секако ќе можеме да најдеме нешто што ни се допаѓа.
Оваа сезона е сè во знакот на истакнувањето, јарките бои и впечатливите парчиња.
Модната прогноза вели дека оваа година акцентот ќе падне на предимензионалните ракави, џебови и многубројни детали.
Јарки бои
Најмногу ќе се носи портокаловата, белата, жолтата, тиркизната, сината, црвената, беж и црната боја.
Кратки здолништа
Иако на многу дами нема да им се допадне, сепак ултракратките модели повторно сè почесто ќе ги гледаме на улица.
Шљокици
Оваа сезона ќе се носат и преку ден. Колекциите на водечките дизајнери се преполни со овој примерок.
Враќање на 70-тите
Оваа деценија се смета за една од најмодерните децении, па и денес дизајнерите црпат инспирација од тој период. Палтата кои беа тогаш во тренд, се враќаат повторно на модната сцена.
Плетени торби
Торбите кои воглавном ги гледавме на плажа, оваа пролет ќе бидат вистински хит.
Предимензионални ракави
Пуфкастите ракави се апсолутен хит кои немаат намера да се повлечат од модната сцена.
Монохромски стил
Од глава до пети во иста боја е вистински моден погодок.
Тропски принт
Фармерки со трегери
После неколку години, фармерките со трегери повторно се враќаат во мода.
Текстот Враќање на неочекувани трендови е превземен од Reporter.mk.