Пред неколку години се сретнавме со појавата на асиметричните обетки.
Тие станаа глобален хит, но брзо паднаа во заборав. Како и сите моментални трендови, така и тие ги имаа своите 5 минути. Меѓутоа, бидејќи модата е склона кон тоа да се враќа на она што е убаво, необично и што може лесно да се комбинира, овој пат повторно ни се враќаат асиметричните обетки.
Но како што изгледа, нивната појава овој пат со себе носи и мали промени. Иако и понатаму се работи за асиметрични обетки, направени се од истиот материјал, имаат различна должина и облик, сепак сè уште делуваат како комплет. Значи, целта е комбинирање асиметрични обетки кои можат да се сфатат како складен пар. Доколку ве интересира како изглед тоа, нашата галерија ви е на располагање.
Асиметричните обетки се совршен детаљ со кои можете да го искажете својот став и јасно да го изразите својот стил. Поинаку од сè останато на кое што сме навикнати, едноставно привлекуваат внимание, и поставуваат прашања. Совршени се за посебни прилики, затоа што дури и најобичната модна комбинација добива поинаква димензија.
Текстот Време е за асиметрични обетки е превземен од Reporter.mk.