За 18 месеци светот ќе добие ефикасна вакцина против коронавирусот, вели Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, во својот авторски текст за „Вашингтон пост“, напомена дека за 18 месеци би можела да се развие ефикасна вакцина против коронавирусот. Ако работите се одвиваат како што треба и Американците се држат до препораките на надлежните, многу брзо може да се справиме со вирусот вели Гејтс.

Тој апелираше до властите во САД, да ги затворат сите компании, да ги замрзнат сите бизниси и во наредните 10 недели, да нема никаква активност на било кое поле, за брзо време може да се добие битката против коронавирусот.

„Нема сомнеж дека САД ја пропушти можноста да биде во предност во борбата со коронавирусот. Но, сеуште постои простор за носење на важни одлуки. Изборите кои ги носиме ние и нашите лидери, денес имаат огромно влијание на тоа колку брзо случаите со заболени од коронавирус ќе почнат да опаѓаат, колку долго економијата ќе биде згасната и колку Американците ќе мораат да ги погребаат саканите поради „Ковид-19“.

Низ работата со „Фондацијата“ разговарав со експерти и лидери во Вашингтон и ширум земјата. Ми стана јасно дека мораме да превземеме три чекори. Прво, потребен ни е доследен национален пристап и затворање на сè. И покрај повиците на експертите за јавно здравство, некои држави и окрузи во САД не се затворени.

Во некои држави плажите и понатаму се отворени, во други, рестораните и понатаму работат за оние кои ќе седнат да јадат. Тоа е рецепт за катастрофа. Ако луѓето можат слободно да патуваат преку државните граници, може и вирусот. Државните официјални лица мораат да бидат јасни. Затворање на сè, мора да значи затворање на сè.

Се додека бројот на заболени не почне да паѓа ширум Америка, нешто што би можело да се очкеува за 10 недели или повеќе, никој не може да продолжи со работи како и обично. Секоја конфузија околу оваа точка само ќе ја продолжи економската болка, ќе ги зголеми изгледите вирусот да се врати и да предизвика поголем број смртни случаи.

Второ, сојузната влада треба да ги засили тестирањата. Треба да има далеку поголем број тестови. Исто така треба да ги обединиме резултатите така што брзо ќе можеме да ги идентификуваме потенцијалните волонтери за клинички испитувања и да знаеме кога е време да се вратиме во нормала.

Има и добри примери, државата Њујорк неодамна го прошири својот капацитет на повеќе од 20.000 тестови дневно. Конечно, за да можеме да ја сведеме болеста при крај, потребна ни е безбедна и ефикасна вакцина. Ако работите сè како што треба, може да за 18 мееци да развиеме вакцина“, напишал Гејтс.

 

 

 

 

Текстот За 18 месеци светот ќе добие ефикасна вакцина против коронавирусот, вели Бил Гејтс е превземен од Reporter.mk.