За меч од 2012 година, Ѓоковиќ ќе добие 750.000 долари

Ѓоковиќ го доби судскиот спор во Бразил против организаторот на егзебиционит меч во Рио де Жанеиро кој се одиграл во 2012 година. Тамошниот суд донел пресуда во која навел дека организаторот на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Густаво Киртен е должен да му плати 750.000 долари на Србинот и на тој начин да ги подмири долговите.

Судот на правдата во Рио наредил дека организаторот треба да исплати вкупни 731.000 долари долг кој датира уште од 2012 година. Според тогашниот договор, со пристигнувањето на Ѓоковиќ во Рио, на Србинот требало да му биде платено 1,1 милион долари, од кои тој добил само 450.000 долари. Тогаш Ѓоковиќ одлучил да го тужи организаторот.

Во 2014 година, државниот секретар за спорт, рекреација и млади, наредил на Ѓоковиќ да му се исплатати долгот од 650.000 долари, но се чекало шест години до реализација на ваквата одлука. Од друга страна адвокатите на Ѓоковиќ кои се задолжени за овој случај, тврдат дека државата Рио имала намера да го одложи плаќањето на износот.

 

Текстот За меч од 2012 година, Ѓоковиќ ќе добие 750.000 долари е превземен од Reporter.mk.