Звукот на ветерот на Марс за првпат беше снимен откако модулот „Инсајт“ се спушти на негова површина пред десетина дена, што научниците го опишаа кон непланирана добивка. НАСА објави дека „Инсајт“ успеал да собере длабок нискофреквентен звук во првата недела од истражувањето.
Се проценува дека ветерот на снимката дува со брзина меѓу 16 и 24 километри на час. Според истражувачите, ова се првите звуци од Марс што можат да се детектираат со човечко уво.
„Снимањето на овој звук беше непланирана добивка. Но, една од целите на нашата мисија е мерењето на движењето на Марс и тоа природно вклучува и движења предизвикани од звучни бранови“, изјави Брус Банерт, главниот истражувач на проектот „Инсајт“ во лабораторијата на НАСА во Пасадена.
Ниските фреквенции се должат на тенката густина на воздухот на Марс, кој е речиси целосно составен од јаглерод диоксид.
„Модулите ‘Викинг‘ во 1976 имаат снимено тресења предизвикани од ветер, но тоа тешко може да се смета за звук“, вели Банерт.
Текстот За прв пат е снимен звук на Марс е превземен од Reporter.mk.