Во повеќе од половина окрузи на Флорида започна повторното пребројување на гласови по изборот за гувернер и сенатор, кои оваа американска држава треба да ја претставуваат во Конгресот на САД.
Неофицијалните резултати на овие две изборни трки, покажале предност на републиканските кандидати. Сепак поради тесната разлика, ќе се почека до донесување на конечната одлука.
На Флорида досега не се случило повторно пребројување на гласовите, особено не поради тесниот исход на дури две изборни трки.
JUST IN: The election overseer for critical Palm Beach County, Florida, tells CNN there is no way the recount for three races will be finished by Thursday’s deadline https://t.co/CBVVGqdHMX pic.twitter.com/N9amaa3mki
— CNN (@CNN) November 11, 2018
Според неофицијалните резултати во трката за гувернер, републиканецот Рон ДеСантис води пред демократот Ендрју Гилам, а разликата меѓу нив е 0,41 процентен поен. Во трката за американски Сенат, републиканецот Рик Скот води пред демократката Била Нелсон, со предност од 0,14 процентни поени.
Во повеќето урбани окрузи на Флорида, процесот на пребројување на гласови се одвива без проблеми, но предизвикот би можел да се случи во округот Палм Бич, каде велат дека не се сигурни дека ќе успее да заврши работа до четвртокот, кога е одреден крајниот рок.
Агенцијата „Асошиејтед прес“, констатира дека ваквиот момент ги враќа спомените од 2000 година, кога се случи скандалот со претседателските избори со републиканецот Џорџ Буш, кој тесно водеше пред демократот Ал Гор. После повеќе од месец дена правни натегања, американскиот Врховен суд одлучил да прекине со повторувањето на пребројувањето на гласовите и го прогласи Буш за победник.
Floridians are tired of Washington not working for them. I won this race, I will win again in the recount and I will fight every day to make Washington work for our families – not for career politicians. pic.twitter.com/LFiERsnZ5E
— Rick Scott (@ScottforFlorida) November 11, 2018
Законот на државата на Флорида налага на изборите на кои разликата меѓу водечките кандидати е помала од 0,50 проценти поени, гласовите повторно да се пребројуваат по машински пат. Ако и тогаш се испостави дека разликата е помала од 0,25 процентни поени, повторното пребројување на гласачките ливчиња ќе биде објавено рачно.
Ваквиот закон е донесен со цел да не се повтори ситуацијата од 2000 година.
A recount in Florida’s second most-populous county has been delayed because of problems with voting machines. https://t.co/qhb157AbL6
— The Associated Press (@AP) November 11, 2018
Текстот За прв пат во историјата во Флорида ќе се повторува пребројувањето на гласови е превземен од Reporter.mk.