Летните температури стануваат сѐ повисоки, па сонцето сѐ повеќе нè гали со своите зраци.
Дали вашите домашни миленичиња се заштитени од УВ-зраците? Не, за жал, сонцето никого не штеди. Вашето куче исто така може да изгори, иако кучињата уживаат на сонце во летните месеци.
Како и луѓето, така и кучињата можат да добијат рак на кожата поради прекумерното седење на сонце без заштита. Не заборавајте дека е задолжително нанесувањето крема со заштитен фактор прилагоден за кучиња за да се спречат тешките изгореници.
Прочитајте ги сите важни работи што треба да ги знаете за спречувањето изгореници кај кучето:
Чувствителна раса на кучиња на сонце
Кучињата со тенко или светло влакно се подложни на изгорениците од сонце, затоа што сончевите зраци побрзо можат да ја оштетат нивната кожа за разлика од кучињата со густо или темно влакно.
Најчувствителни делови
Кучињата најбрзо добиваат изгореници на грбот, но не смееме да заборавиме ни на некои други изложени делови, како што се: муцката, ушите и стомакот, кои исто така се чувствителни на сончевите зраци.
Предупредување! Не нанесувајте крема со заштитен фактор која и вие ја користите, затоа што кучињата често го лижат своето тело, а состојките во кремите за луѓе содржат цинк оксид или пара-аминобензолична киселина која е отровна за кучињата.
За кучињата секогаш бирајте крема за сончање која е наменета за кучиња.
Алтернативни видови на заштита
Ако вашето куче не е љубител на креми, постојат и кошули за кучиња што ги штитат од сончевите зраци, но и покрај тоа држете го кучето во затворен простор или под чадор за сонце кога сонцето е најсилно.
Како да ја излечите изгорената кожа кај кучињата
Ако забележите дека врвовите од ушите се суви и напукнати, тоа е веројатно знак дека вашето куче изгорело на сонцето. Кога кучињата кашлаат е исто така лош знак.
Очигледните знаци, како што е црвената кожа кај луѓето, не секогаш се присутни кај кучињата, но ако ги забележите или доколку вашето куче е необично топло на допир, тогаш веднаш префрлете го во ладовина и ставете му ладен и влажен пешкир да се смири иритираната кожа.
Кучињата исто така можат да имаат температура доколку изгореле од сонце.
Текстот Заштитете го кучето од изгореници од сонце е превземен од Reporter.mk.