Страшна песочна бура ја погоди американската држава Аризона. Страшните слики многумина ги потсетија на Армагедон.
Во текот на оваа недела делови од Аризона биле зафатени од монсунско невреме, придружено со песочна бура.
Главниот град на сојузната држава Аризона, Феникс, беше погоден од страшно невреме што ја претвори дневната светлина во мрак во траење од еден час.
Синото небо брзо добило портокалова боја, а потоа завладеала темнина.
Националната метеоролошка служба изјавила дека силното невреме со честичките песок, познати под името habub, патувало повеќе од 400 километри, додека правта достигнала висина од 6000 метри.
Правта може да биде долга со километри и да достигне висина од неколку илјади метри.
Фотографиите и снимките прикажуваат бавно движење на ѕидот од прав додека минува низ неколку држави. Синото небо добива портокалова боја, а потоа почнува да владее темнина.
Текстот Застрашувачки ѕид од прав го проголта американскиот град Феникс е превземен од Reporter.mk.