Бил Козби своите први денови во затвор ги поминал во тотална самотија, а портпаролката на затворот во Пенсилванија изјавила дека актерот ќе остане во изолација уште некое време, заради негова безбедност.
Поранешниот славен затвореник О Џеј Симпсон изјавил дека многу се плаши за Козби, бидејќи, како што објаснил сексуалните предатори и силувачи секогаш имаат најлош можен третман зад решетки и нонстоп ќе мора да биде под надзор.
На интернет веќе се појавија и први информации за инциденти, иако за нив се уште нема официјална потврда. Имено, се шпекулира дека затвореници го мавале Козби со хот-дог во глава и дека му го зеле бастунот за одење заради што актерот паднал по скали.
Бил Козби се уште не смее да прима посета, а првиот телефонски разговор на кој имал право, го искористил за да и се јави на својата сопруга Камил.
Текстот Затворениците го нападнаа Бил Козби, не го сакаат во затворот е превземен од Reporter.mk.