Заврши изборот на лица кои ќе бидат дел од поротата за судењето на мексиканскиот наркобос Хоакинг Ел Чапо Гузман во САД. Седум жени и пет мажи ќе бидат поротници на сослушувањето на уводната изјава во вторник.
Повеќето избрани поротници изјавиле дека во текот на сослушувањето слушнале за Гузман од медиумите. Судијата го одложил полагањето на заклетвата на поротниците за следната недела, поради загриженоста дека некој од нив би можел да се обиде да ја избегне должноста.
Една од жените во поротниците која била избрана заплакала и низ солзи рекла дека се плаши ако се дознае дека и таа е дел од процесот. Жената сепак е задржана во поротата, откако адвокатот на Гузман, Џефри Личтмен, укажал дека нејзиното отфрлање би било преседан.
Џефри изјавил дека поротниците во иднина би можеле да ја избегнат својата должност ако изјават дека се плашат и покажат сожалување во јавноста со само неколку солзи.
Судењето ќе се одвива во федералниот суд во Бруклин каде ќе се води случајот и ќе му се суди на Ел Чапо за организирана продажба на дрога. Обвинетиот се изјасни дека не е виновен за обвинувањата со кои се товари дека водел наркокартел кој е познат по насилствата и кој го извлекол од мексиканските затвори.
Judge Denies El Chapo’s Request to Hug His Wife in Court https://t.co/sm8NZs96TZ
— TMZ (@TMZ) November 9, 2018
Гузман исто така чека и на одлуката дали ќе може да ја види и прегрне својата жена, за првпат речиси по две години. Поради големата озлогласеност на картелот, во текот на судењата во САД преземени се високи мерки за безбедност, вклучувајќи и анонимност на поротниците.
Де Чапо е сместен во самица и забрането му е да ја види својата жена поради загриженоста дека таа би можела да ја пренесе пораката од членовите на картелот. На почетокот на оваа недела неговиот адвокат побарал од судиите да го одобрат хуманиот гест и да го пуштат Ел Чапо да се види со својата сопруга во судницата, пред да влезе поротата.
„Дозволувањето на прегратка не би претставувало закана за безбедноста, ако има преграда меѓу нив“, навел адвокатот во писмото.
Окружниот судија Брајан Коган сè уште не одлучил по тоа барање.
Текстот Жена поротник за судењето на Ел Чапо се плаши за својот живот е превземен од Reporter.mk.