Жените од Саудиска Арабија слават по улиците откако ја добија можноста да возат за првпат по последните неколку децении. Ваквиот пресврт доаѓа откако кралството ја укина единствената светска забрана за жените да управуваат моторизирани возила.
Откако забраната беше подигната на полноќ, жените во Ријад и другите градови почнаа да возат по улиците, пуштајќи музика од зад воланот.
Станува збор за историска реформа која се очекува да донесе нова ера во социјалната мобилност. Одлуката е дел од поширока тенденција на Мохамед бин Салиман за модернизација на досегашниот конзервативен пристап. Таа поттикна иницијатива на активистки кои долго време се спротивставуваa на забраната.
„Ова е големо достигнување. Сега жените ја имаат својата слобода“, рече принцот Ал-Валед бин Талат, додека ќерка му управуваше семеен SUV, а внуките аплаудираа од задните седишта.
Жените од кралството ги преплавија социјалните мрежи со фотки и видеа од своите први автомобили, а низ градовите се забележуваше силно полициско присуство. „Се чувствувам слободна како птица. Знаев дека овој ден ќе дојде. Но, дојде брзо. Ненадејно“, рече водителката и писателка Самар Алмоген возејќи се низ главниот град.
ТВ-презентерката Сабика ал-Досари рече дека ова е „историски момент за секоја жена во Саудиска Арабија“, пред да го провози својот „седан“ преку границата со Бахреин.