Дознајте во кои хороскопски знаци се раѓаат жените кои најдобро знаат како да ги освојат и задржат мажите. А притоа малку и да ги излудат.
Жената Рак е спремна на сѐ
Кога еднаш ќе освоите жена рак, имајте на ум дека секогаш ќе ве сака безусловно и ќе биде спремна да отиде со вас или поради вас дури и на крајот на светот. Нејзините чувства се интезивни. Со неа најпосле ќе можете да спознаете што значи да имате вистинско женско покрај себе. Таа се спремна сѐ да направи како избраникот на нејзинот срце би бил најсреќниот човек на светот.
Бидејќи е склона кон драматично доживување на сѐ што ѝ се случува во животот, со неа театарот дома ќе ви биде загарантиран. Но тоа е сао мала цена која треба да ја платите за животот во оаза, како онаа од „Илјада и една ноќ“. Покрај неа ќе живеете како „бубрег во лој“, опкружени секогаш со највкусните јадења и удобноста на внимателно опремениот дом. На таквата жена секој маж би ѝ се втрчал во прегратка по напорниот ден на работа.
Децата за неа се светост и секогаш нивните потреби ќе ги става пред своите. Тука на сцена настапувате вие, да ја одмените или да ѝ дозволите малку одмор, како би ѝ возвратиле на сѐ она што таа го прави за вас. А сѐ што очекува од вас е да се галите, чувате и да бидете искрени еден спрема друг.
Лавицата е вистински војник
Лавицата е силна и отпорна што ја прави вистински војник. Оваа жена поседува неверојатна снага и способности, но и нејзе ѝ е потребен некој кој ќе ѝ помогне со отварањето на капакот од теглата со краставички кога ќе заглави. Таа бара некој што е еднаков на себеси, па покрај неа никако нема да бидете само обичен човек, туку супермен! Ќе ја обожавате затоа што никогаш нема да направи, ама баш ништо за да ја засакате. И секогаш ќе се прашувате во што е фората?
Сѐ што прави таа за вас, таа го прави со целото битие. Нема да сретнете жена која ќе ве сака повеќе од неа. Дури и кога се лути, таа се лути најубаво на свет. Кога нешто бара, тогаш секоја нејзина желба за вас е заповед. А со неа ќе дознаете што значи несебична и вистинска љубов.
Таа и за своите деца се бори исто како лавицата. Секогаш ќе биде тука, внимателно посматрајќи ги. Тешко на оној кој ќе се обиде да им направи нешто, или да им каже нешто навредливо. Од вас ќе бара само да ја обожавате, а што е тоа во однос на оној занес кој ви го пружа?
Жената Јарец е јака како земјата
Пред оваа жена секој би паднал на коленица, па зошто да паднете и вие? Силна како црната земја, ќе поднесе сѐ, а додека вложува натчовевечки напори да направи сѐ што наумила, нема да забележите ни капка пот на нејзиното добродушно чело.
Она што на секој просечен маж би му ја скршило кичмата е тоа што оваа дама ќе ви се пикне под кожата толку ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашаче дали воопшто сте достојни за неа? Ако заклучите дека сте, тогаш бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано.
Пламенот ќе го одржува нејзината одговорност, должност и посветеност. Со неа секој ден без да почувствувате ќе станува сѐ подобар и поодобар, додека еден ден не сфатите дека од жаба сте се претвориле во принц кој ужива почит и авторитет кај сите оние околу сбее. Таа е онаа која ве сакала додека сте биле „никој“, а со неа сигурно ќе станете „некој“ – човек вреден за вниамние, стабилен, силен, одговорен. Таа не живее во некаква фантазија, туку цврсто стои на земја и добро знае што од кого може да очекува.
Ако сте успеале таквата жена да ја привлечете, а се прашувате како тоа ви пошло од рака, знајте дека таа можеби и подобро ве гледа отколку што вие се гледате самиот себе. Ќе даде сѐ од себе да го извлече она најдоброто од вас. Како мајка која ќе биде строга, но праведна. Таа одгледува само победници и лидери. Сѐ што бара од вас е да ѝ покажете карактер и истрајност, а таа со драго срце ќе ви покаже како, со својот пример.
Текстот Жените родени во овие три знаци ги доведува мажите до лудило! е превземен од Reporter.mk.