Сè повеќе жени сакаат сами да уживаат во одморите отколку да одат на летување со партнерот, покажуват резултатите од едно истражување, а го објави „Дејли мејл“.
Веројатно инспирирани од книгата „Јади, моли се, уживај“ сè повеќе жени бараат еднокреветни соби во хотелите, при што е забележан пораст на барањата за резервација на хотелски соби исклучиво за жени. Овој тренд ги поттикна хотелите да воведат понуди со женски катови и соби в кои има женски списанија, уреди за исправувње на косата и слично.
Бројот на жени што одат сами на патување е зголемен во САД, Велика Британија, Кина и Австралија, покажало истражувањето. Лани и предминатата година тој пораст изнесуваше дури 53 отсто. Побарувачката за еднокреветни соби во малите луксузни хотели во САД и Велика Британија е зголемена, а сами патуваат и мажи и жени.
Единствено во Франција лани е намален бројот на сингл патниците, а регистрирани се шест илјади ноќевања помалку.
Текстот Жените сè почесто сакаат да патуваат сами е превземен од Reporter.mk.