Се запознаа на протестите во Франција додека го изразуваа незадоволството поради најавите за поскапување на горивата, што на крајот предизвика голема политичка криза во владата на претседателот Емануел Макрон. Нивната приказна заврши со венчавка, пишува францускиот весник „Ла Депеш“.
Во саботата, на 8 декември, двајцата „жолти елеци“ со уште десетина пријатели и познаници кои се припадници на истото движење организираа симболична венчавка. Свеченоста, како што пренесуваат медиумите во Франција, се одржа на наплатната рампа, помеѓу приврзаниците на протестите.
Невестата е облечена во импровизиран жолт фустан, а на главата носи венче од жолто цвеќе. Нејзиниот избраник носи жолти панталони и јакна во истата боја.
Нив ги венчаваше лидерот на локалниот синдикат.
За да биде бракот легитимен, ќе мора да застанат и пред вистински матичар.
Текстот „Жолти елеци“ се венчаа на протестите во Париз е превземен од Reporter.mk.